За ЕДУКА МАК

Издавачката куќа ЕДУКА МАК е формирана во 2013 година, која со својот прв издавачки потфат - списанието за деца СМЕШКО, ги освои децата и се промовираше пред македонската публика како современа издавачка куќа, која со помош на своите соработници зачекори во создавање и издавање едукативни наслови за деца.

Подоцна создаде и други книги наменети за децата од предучилишна и раноучилишна возраст, создаде дидактички средства, методски засновани, со цел преку нивните содржини да се развива логичкото мислење кај децата, да се поттикне развојот на моторните способности, да се усвојат нови поими, сообразени со возраста.

Мисијата на ЕДУКА МАК е ЕДУКАЦИЈА на децата од најрана возраст со нови современи едукативни материјали и дидактички средства, како и прирачници што ја следат Програмата за рано учење и развој. Тоа е нашата цел и наша задача.

Создавајќи нешто ново за децата со голема страст и одлучност, тимот на ЕДУКА МАК неуморно работи на реализацијата на идеите со многу умешност и трпеливост, следејќи ги современите тенденции во издавачката дејност. Освен вработените и постојаните соработници, во процесот на создавањето и издавањето на изданијата за деца учествуваат голем број надворешни соработници.

Тимот на ЕДУКА МАК

м-р Ели Маказлиева

- Претседател на управен одбор
- Претседател на редакцискиот совет

Светлана Маказлиева

- Директор
- Раководител на комерција

Михајло Маказлиев

- Косопственик
- Главен уредник и оперативен менаџер

Игор Јовчевски

- Илустратор

Дејан Јанкуловски

- Комерцијалист

Учество на саеми, промоции и презентации

  • САЕМ НА КНИГА 2016

    ЕДУКА МАК и оваа година беше дел од Саемот на книгата 2016 во Скопје каде беа изложени нашите изданија кои предизвикаа голем интерес кај посетителите. Во рамките на саемот се организираа и промоции на новите наслови.
  • КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ СО КРЕАТИВНИ ИГРИ

    Од 12-13.06.2015 година во Охрид се одржа работилница на која учество земаа повеќе од 150 учесници од областа на ран детски развој. Имаше работа, дружење, креативност, учесници со позитивна мисла и љубов кон децата.
  • САЕМ НА КНИГА 2014

    ЕДУКА МАК се промовираше на Саемот на книгата 2014 во Скопје со свој штанд на кој беа изложени сите изданија, а фотографиите говорат за огромната посетеност и огромната заинтересираност на публиката која го посети саемот.
  • ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИКОТ „ЅВОНИ ЅВОН ЗА БОНТОН“

    Прирачникот „ЅВОНИ ЅВОН ЗА БОНТОН“ беше промовиран на 07.11.2014 година во Охрид. Прирачникот е наменет за децата од предучилишна возраст и е предвиден како основна активност во проектот „Бонтон за деца – Однесувај се убаво и пристојно“. Проектот е одобрен и предложен за реализација во сите Јавни општински установи за деца - детски градинки, од Министерот за труд и социјална политика на РМ, со писмо бр.11-6699/3 од 04.09.2014 година, со препорака овој проект да биде ставен во Годишната програма на детските градинки.
  • ПРОМОЦИЈА СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

    На 10.09.2015 година во Кавадарци се одржа промоција на УПАТСТВО за работа со интегрираните прирачници КРЕАТИВНА ИГРА (4-5) и КРЕАТИВНА ИГРА (5-6). Присутни беа повеќе од 100 директори на детски градинки, воспитувачи и педагози.
  • САЕМ НА КНИГА 2015

    ЕДУКА МАК како и претходната година, беше дел од големиот културен настан Саемот на книга 2015 во Скопје. Посетителите можеа да се запознаат со нашите изданија, а се организираа и промоции на новите наслови.
  • ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИЦИТЕ „КРЕАТИВНА ИГРА“

    Пред бројна публика на 05.09.2014 година, ЕДУКА МАК ги промовираше новите интегрирани прирачници „Креативна игра“ (4-5) и „Креативна игра“ (5-6), чија концепција и содржина ја следи новата ПРОГРАМА за рано учење и развој.
  • ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИКОТ „ПЕСНИ И СКАЗНИ ЗА ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ РАЗНИ“

    Прирачникот „ПЕСНИ И СКАЗНИ ЗА ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ РАЗНИ“ беше промовиран на 18.10.2014 во Дом на АРМ, Скопје. На промоцијата, пред огромна публика, освен возрасните, прирачникот го промовираа и деца од градинките, кои облечени во костими на овошја и зеленчуци интерпретираа содржини од овој прирачник со порака за значењето на здравата храна.

© 2015 EDUKA MAK Publishing