Добре дојдовте

во Издавачката куќа

ЕДУКА МАК

kopce kopce1

Кои сме ние

ЕДУКА МАК е издавачка куќа за издавање на едукативни материјали и други изданија, книги за деца од предучилишна и рана училишна возраст. Тоа е нашата цел и наша задача. Мисијата на ЕДУКА МАК е ЕДУКАЦИЈА на децата од најрана возраст со помош на нови современи едукативни материјали и дидактички средства, како и прирачници што ја следат Програмата за рано учење и развој.

СМЕШКО и СУПЕР СМЕШКА

Списанијата за деца СМЕШКО и СУПЕР СМЕШКА се наменети за децата од предучилишна возраст кои според својата концепција ги надминуваат досегашните традиционални форми и облици на изданија за деца и се први од ваков вид во Република Македонија. Содржините се компатибилни со новата програма РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ и ги содржи сите аспекти (домени) од развојот на детето. Списанијата се произлезени од практиката, соединето со теоријата. Одобрени се од Министерот за труд и социјална политика за употреба во детските градинки. Списанијата излегуваат еднаш месечно во текот на една учебна година - вкупно 10 броја од Септември до Јуни.

Сликовници и боенки

Едукативни сликовници и боенки со илустрации и римувани стихови, кои ги водат децата низ процесот на стекнување знаења, ја развиваат фантазијата, јазичната писменост и севкупниот развој на детето според основните програмски барања. Со помош на илустрациите тие го поттикнуваат когнитивниот аспект од раното учење и развој и ја развиваат и графомоторната способност кај децата. Низ хумористични илустрации и стихови со ритам и рима, сообразени со возраста на детето, се развиваат многу позитивни особини и ненаметливо се насочуваат во правец создавање на здрави навики кај децата.

Интегрирани прирачници за предучилишна возраст

Едукативните интегрирани прирачници за деца од предучилишна возраст се компатибилни со принципите и аспектите на Програмата за рано учење и развој, со примена на холистичкиот пристап во интерпретацијата и анализата на содржините. Активностите се длабоко осмислени со различни илустративни и текстуални креативни решенија за интегрирање на целите и задачите од повеќе воспитно-образовни подрачја од различните аспекти на развојот на детската личност. Прирачниците се погодни за индивидуални активности на децата, за развој според индивидуално темпо и следење од страна на возрасните. Воедно даваат одлична можност за воспоставување интеракција и комуникација на релација дете - дете и дете - возрасен.

Други книги за деца и дидактички материјали

Другите наслови наменети за децата од предучилишна и рана училишна возраст се дидактички материјали кои даваат можност на забавен начин, низ хумористични илустрации од кои детето чита, децата да стекнат знаења. Многу ситуации и проблеми се опфатени како постапки што се составен дел од детското секојдневие, а за нив многу малку се зборува. Во содржината на овие наслови се нудат повеќе креативни решенија со активности низ игра и со посочени модели на однесување. Тие се извонреден водич, но и поттик за воспитувачите и родителите за правилно воспитно влијание во развојот на децата. Квизовите се одлична можност за откривање на потенцијалите кај децата, како и за работа со талентирани деца.

Најнови изданија

МАКЕДОНСКА ИЛИСТРИРАНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЗА ДЕЦА

Енциклопедија за Македонија со 39 тематски содржини

100 ИЛИСТРИРАНИ БАСНИ ОД ЕЗОП

100 басни со животни и поуки за деца и возрасни

ГАТАНКИ

Гатанки погодувалки - пишувалки

АВАНТУРИТЕ НА МАЧОРОТ ПЕРКО

Мини роман за деца за доживувањата и авантурите на еден мачор - милениче

БИДЕЈЌИ СУМ ДЕТЕ

Раскази за деца

НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА

Раскази за деца и одржувањето на забите

БОЕНКА - Буква до буква азбука

Интерактивна едукативна боенка со букви

БОЕНКА - Боиме и учиме да броиме

Интерактивна едукативна боенка со броеви

БОЕНКА - Животни

Интерактивна едукативна боенка со животни

БОЕНКА - Сообраќај

Интерактивна едукативна боенка со сообраќајни средства

ПЧЕЛКИ НА РОЛЕРКИ

Поезија за деца - збирка на римувани стихотворби

РАЗИГРАНИ ЧАДОРЧИЊА

Поезија за деца - збирка на римувани стихотворби

СУПЕР СМЕШКА

Месечно списание за деца според програмата Рано учење и развој

ЕКОДЕТЕ приказна плете

Екокнига - сликовница за едно дете кое екоприказни плете.

Весели песни со букви лесни

Книга - сликовница за буквите низ песни и стихови лесни.

На пат за Таратамбо

Приказна за кучето Бало кое сонува да патува за земјата Таратамбо.

Постојани соработници на ЕДУКА МАК

м-р Ели Маказлиева д-р Тереза Крцоска д-р Лилјана Пандева Александра Велинова Татјана Грегова Симон Симоновски
Стручност, искуство, знаење, висока професионалност и голема мотивираност, креативност и творештво со цел да се унапреди предучилишното воспитание и образование, се основните особини на соработничкиот тим на ЕДУКА МАК. Со незапирлив од и амбициозност и со многу енергија создаваат современи добри дела за идните генерации.
Концепциското поставување и уредувањето на списанието Супер Смешка е дело на искусен тим од искусни и професионални автори, истакнати педагози, универзитетски професори и афирмирани стручњаци од практиката. Печатењето го одобруваат членовите на Редакцискиот совет во ЕДУКА МАК. Секој број на списанието е од отворен тип и сите креативни родители, воспитувачи или стручни соработници имаат можност да предлагаат содржини соодветни на поставените рубрики во списанието.

Среќни и насмеани деца

Најголемата цел што не' инспирира и кон која се стремиме се ДЕЦАТА. Ние сме најсреќни кога чувствуваме дека нашиот живот има смисла и дека правиме промени во светот на децата, внесуваме новини во нивниот развој и постојано придонесуваме да растат насмеани, среќни и весели.

-   м-р ЕЛИ МАКАЗЛИЕВА, Претседател на Редакциски совет

© 2015 EDUKA MAK Publishing